ЕУ ќе предложи нови правила против перењето пари
Објавено во: Финансии 22 Декември, 2016
На 21 декември Европската комисија предложила зајакнување на контролата на парите во готово кои ќе се внесат во ЕУ од земји надвор од неа. Предлогот е дел од планот на акција на Унијата за борба против финансирањето на „Исламска држава“, пишува New Europe.
Според новите предлози цариниците во земјите членки на ЕУ ќе имаат можност да го проверат плаќањето со кредитни и дебитни картички. Тоа значи дека секој кој увезува повеќе од 10 илјади евра во готово во ЕУ ќе треба да го објавува тоа при влегување во ЕУ.
Според претставниците на ЕУ дел од неодамнешните напади во ЕУ биле реализирани со средства испратени од надвор од ЕУ.
„Овие средства се дојдени од криминални активности, како дрога на пример“, вели Вера Џурова, комесарот на ЕУ за правда.
Таа го претстави предлогот на ЕУ за замрзнување на финансиските ресурси на терористите и запленување на средства - дури и кога само има сомневање дека се поврзани со криминал.