20 Април, 2024
0.0287

ЕУ ниту ја осудува албанската платформа, ниту ја коментира „контра-платформата“ на Груевски

Објавено во: Македонија 20 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Претставници на Европската Унија засега не сакаат да даваат коментари за најавената „платформа за зачувување на Македонија“ на Никола Груевски, туку ќе бараат да се почитуваат досегашните препораки, како и договорените обврски преземени со Пржинскиот процес.

– Нема да шпекулираме или да коментираме партиски програми. Очекуваме наскоро да се формира нова влада, посветена на имплементирање на заостанатите реформи. Ќе продолжиме да инсистираме на имплементирање на сите делови од Договорот од Пржино. Тоа е клучно за да се врати земјата на патот кон ЕУ, нешто што нејзните граѓани го сакаат и го заслужуваат – велат за „Мета“ извори во ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ и натаму бара јавна осуда на како што ја нарекуваат платформата од Тирана, меѓутоа таков став од официјален Брисел засега нема, освен пораки што побрзо да се формира нова влада посветена на реформи со почитување на уставните процедури и новото парламентарно мнозинство. 

Груевски даде заканувачки пораки во интервјуто за Канал 5 дека ако Заев формира влада и народот не си ја одбрани државата тогаш Македонија може и да ја снема. Затоа ќе понуди документ изработен од ВМРО-ДПМНЕ со наводни решенија на долгата криза што веќе се нарекува „контра-платформа“.

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители