28 Март, 2024
0.0251

ЕУ против „Газпром“

Објавено во: Економија 22 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Ура за Европската Унија – во чест на Нобеловата награда за мир, добиена воглавно на основа на убавите мисли – за преземањето на важен, тешко разбирлив чекор, кој досега го избегнуваа и НАТО и САД, пишува Интернешанл Хералд Трубјун oд Париз. Европската комисија се охрабри минатиот месец кога  отвори истрага против монополот против „Газпром“, рускиот државен монопол на гас, кој обезбедува околу 25 проценти од европскиот узвоз на енергија, заради нефер цени и блокирање на поделбата на набавките за осум земји членки на ЕУ од поранешниот советски блок. Европското набедување за „Газпром“ дека е енергетски насилник, има посебна важност затоа што доаѓа во време кога Русија на Владимир Путин ја снабдува Сирија со оружје, и поддршката во Советот за безбедност во ОН, ставајќи го во прашање пактот со САД за обезбедување на нуклеарното оружје, и по наредбата за затворање на канцеларијата на Уницеф во Русија и забраната за работа на американската Агенција за развој во Русија – без за сето тоа САД да преземе контрамерки. Истрагата на ЕУ го руши аргументот дека само повторното раѓање на студените воини ги сфаќаат активностите на Путин како сериозни, стратешки проблеми за западот. Истрагата носи дополнителна порака: вољата на Европската Унија да му се спротивстави на обидот на Путин за да исфрли од игра богатата западна Европа наспроти посиромашните источни членки, со понудата на флексибилни цени за Франција и Германија, додека истовремено им се заканува на Полска, Бугарија и Естонија, како тие сеуште да се наоѓаат под доктрината на Брежњев. Тоа беше впечатокот на Советскиот Сојуз за неминовната соседска ограничена сувереност, која беше повторена од поранешниот претседател Дмитриј Медведев кога руските трупи влегоа во Грузија во 2008. Сега Москва, новата членка на Светската трговска организација, издаде решение со кои се штитат „стратешките“ компании како „Газпром“, од споделување на било какви информации на странски регулатори. Тука започнува суштествената иронија, Во 2009, неколку недели по инаугурацијата на Барак Обама, еден американски дипломат се пожали дека Европската Унија отвара антимонополистички тужба против Мајкрософт, додека го игнорира тоа што Гаспром ја задржува улогата на енергетски снабдувач. Потпреседателот на САД, Џо Бајден, на европејците и рече дека Нато „мора да го прошири опсегот на енергетска безбедност“, а Хилари Клинтон ја опиша агресивната руска тактика во европскиот енергетски сектор како „голем безбедносен предизвик, кој го игнорираме како опасност“. Но, НАТО никогаш не бил сериозно притиснат да ја земе контролата во свои раце. Курт Вокер, тогашниот амбасадор на САД во Нато, рече дека првото американско предупредување во врска со притисокот со енергијата, вклучува „умни луѓе кои работат на автопилот. Тогаш се случи ресетирањето од Обама“. Во најтежок случај, ова значеше дека САД јавно кажуваат дека нема да наметнуваат поврзаност на ова во својата политика кон Русија – кажувајќи му на Путин, во афект, дека може да прави како што тој сака, без да плати никака цена за тоа. Истовремено, Европската комисија даде сигнали дека нејзините црвени линии се веќе пречекорени. Зидојче цајтунг, водечкиот глас на левицата, ја нарече истрагата храбар удар и „почеток на битка против силата на руската империја на сировата материја“. Но тука има очигледен, неизбежен кофликт помеѓу пристапот на комисијата и германскиот лежерен, воглавно некритичен односи со Путин. На пример, минатата недела, додека партијата на канцеларката подготвуваше нацрт изјава во Бундестагот за Русија, во која се потенцира на „големата опасност“ од „нејзиниот дефицит на држава која го спроведува законот“, медиумите јавија дека министерот за надворешни работи во Берлин се спротивставил на таа забелешка, и на забелешката за „демократијата“ како цел на Русија. Неделникот „Ди Цајт“ отиде уште подалеку, со ставпот дека иако не го сака Путин, Меркел води руска политика која се разликува само во детали од онаа од нејзиниот претходник, Герхард Шредер, сега првиот човек на Гаспром. Канцеларката ќе мора да се преиспита себеси, ако со новиот став на Европската Унија таа се соочува со промена на расположението во врска со тоа како Германија се справува со Русија, кое може да влијае врз нејзиниот резбор идната година. Што се однесува до Барак Обама, тој не може политички да го смени тонот кон путиновата Русија, на само неколку недели од крајот на кампањата за претседателските избори во САД. Но кога Путин се однесува агресивно и несопирливо, претседателот, ако биде реизбран, може неопходно да прозбори за значајното отстапување во руското чувство за одговорност, и да застане покрај руските демонстранти кога следниот пат ќе ги наполнат улиците на Москва. Пред добивањето на Нобелова награда за мир, и според својата вистинска кредибилност, Европската Унија тогаш ќе послужи како катализатор во фокусирањето на вниманието на претседателот и можеби и визиите на канцеларката, за тоа колку далеку и тешко Владимир Путин ќе се осмели да притисне.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат