Добивај вести на Viber
Комесарот за развој на Европската Унија, Андрис Пибалгс, деновиве реагираше на предлогот на Франција за стабилизирње на цените на пазарот. Тој тврди дека создавањето на залихи од стратешките земјоделски производи, за да се надмине несигурноста на пазарот, како што предлага Франција, не е најдобар начин за стабилизирање на цените.
-Верувам дека тоа е еден од инструментите, но е и најефикасниот, состојбата е премногу кревка. Откако цените на пченката и сојата во САД, Русија и другите земји извозници околу Црното Море, рекордно се зголемија во летниот период заради сушата, дури последниве недели цените на храната на глобално ниво, само за нијанса се намалија, но сепак состојбата не е задоволителна, изјави Пибалгс на комнференцијата за меѓународна соработка во Милано
Комесарот за развој на ЕУ, на конференцијата нагласи дека основни фактори за намалување на цените на храната, се борбата со климатските промени, доволно производство на храна во сиромашните земји, пристап до пазарите и достапност на вода.