25 Април, 2024
0.0697

Еуфорија или сурова реалност, неизвесна политичката иднина на Македонија

Објавено во: Анализа 12 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

На социјалните мрежи веќе се шири изрека дека вчера подржувачите на опозицијата си „легнале“ во слободна Македонија со бутна режим со пенкало, за денес да се разбудат во тотален хаос и голема неизвесност.

По малата еуфорија која го зафати СДСМ и нивната коалиција за живот во Македонија, се уште е нејасно што понатаму, дали вчерашните тврдења дека имаат еден пратеник ќе се остварат и дали ќе може да формираат влада или пак „режимот“ и натаму ќе се одржи иако на не така стабилни нозе.

Еден од предводниците на протестите и „отпорот“ Павле Богоевски напиша дека борбата продолжува.

„Останува неизвесно дали крајниот резултат ќе биде 51:49, 51:50 или 51:51. Како и да е, факт е дека режимот е бутнат - никогаш нема да биде тоа што беше, но и дека ова не е победата која ја посакувавме. И цел ден си го поставувам прашањето - што сега? Се уште не е јасно кој, како и со кого ќе формира влада. Тоа значи дека оваа голгота ќе потрае уште некое време. Ама да, ќе ја издржиме. Без оглед какви ќе бидат крајните резултати, сакам да ви кажам дека продолжуваме да се бориме. Мисијата останува иста - одговорност, правда, реформи. Можеби ќе биде потешко, но нема друг избор“ посочи Богоевски.

СДСМ и натаму тврди дека режимот вчера бил срушен, според нивните пресметки имале пратеник повеќе, но чекаат на официјална потврда од ДИК со сомнежи дека се доставени лажирани извештаји кои може да имаат влијание на распределбата на мандати. 

ДИК и натаму се уште молчи, па разврска ќе имаме доцна во ноќта, но јасно е дека политичката состојба и натаму ќе биде комплицирана, а на „црни“ сценарија во овој момент не ни сакаме да помислуваме со можни протести и контра-протести каде ниту еден политички субјект нема да ги прифати резултатите поради сомнежи за фалсификат и манипулации.

Автор: Христијан Станоевиќ