19 Април, 2024
0.0252

„Еурокомпозит“ ќе издаде обични акции во износ од 1,1 милион евра

Објавено во: Економија 28 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Друштвото за производство на производи со посебна намена „11 Октомври - Еурокомпозит” АД  Прилеп ќе издаде 218.819 обични акции во износ од 1.118.821,547 евра, одлучи Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.

Акциите од третата емисија се обични и се издаваат по продажна цена од 5,113 евра по акција, што е еднаква на нивната номинална вредност. Емисијата по пат на приватна понуда се врши на тој начин што Република Македонија ги презема акциите од новата емисија, а побарувањата по основ на јавни давачки што државата ги има кон „11 Октомври- Еурокомпозит” ги претвора во трајни влогови. Според КХВ, на овој начин ќе се намали долгот кој компанијата го има кон државата по основ на јавни давачки.

Постапката се спроведува согласно Законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во друштвата АД Органско хемиска индустрија „Наум Наумовски-Борче” Скопје, ”Тутунски Комбинат” АД Прилеп и Друштво за производство на производи со посебна намена ”11 Октомври- Еурокомпозит”  АД Прилеп.

КХВ даде одобрение „ЕМО” АД Охрид да издаде трета емисија на 143.934 обични акции во вкупна вредност од 4.415.895,12 евра, наменета за познат купувач, Влада на Република Македонија. Владата ги презема акциите од новата емисија со претворање на своето побарување во влог во друштвото. Третата емисија се врши согласно Законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во друштвото АД за истражување, проектирање, производство и изградба на енергетски индустриски објекти со полна одговорност „ЕМО” Охрид, со што ќе се намали долгот што друштвото го има  кон државата  по основ на јавни давачки.

На барање на „Инвестброкер” АД Скопје, Комисијата дозволи оваа брокерска куќа да ја прошири дејноста со услугата „инвестициско советување“. Тоа значи дека „Инвестброкер”, покрај досегашните услуги купување и продавање хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот, во свое име и за своја сметка, вршење трансакции за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда со и без задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност, дејствување како покровител при котација, реализација на трансакции и активности за сметка на трети лица потребни за преземање на едно акционерско друштво, отсега ќе врши и инвестициско советување. За овие дејности „Инвестброкер” во секое време мора да поседува основна главнина од 500 илјади евра, колку што одржуваше претходно.

Комисијата за хартии од вредност на последната седница даде согласност Зоран  Мајнов да биде директор на брокерската куќа „Мој Брокер” АД Скопје во наредните четири години. Мајнов и досега беше на челната позиција во „Мој Брокер” АД Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб