Евакуација на факултет во Белград, повреден е професор?
Објавено во: Балкан 24 Мај, 2017
Студентите, професорите и соработниците на Хемискиот факултет во Белград се евакуирани од зградата на Хемискиот факултет откако истекла хемикалија во текот на вежба.
Не е познато за каква материја станува збор, а по појавата на чад и звукот на алармот, студентите безбедно ја напуштиле зградата.
Итната помош е на местото на настанот.
Некои од медиумите јавуваат дека во инцидентот е повреден еден професор, но засега нема официјална информација за тоа.