Еве колку сезонците можат да заработат на Јадранот
Објавено во: Економија, Балкан 15 Април, 2017
Заработката на сезонските работници во Хрватска се движи од 600 до 2000 евра.
Плус имаат сместување, храна, а оние со двојно државјанство можат да очекуваат и платени придонеси.
Угостителите не можат работници да најдат во Хрватска и затоа се вртат кон другите земји во регионот.
Бараат луѓе за работа во кафулиња и ресторани.
Оваа година на Хрватска ќе и бидат потребни 40.000 работници.
Ова е шанса за работа за граѓаните од БиХ, но и од другите земји во регионот.