Добивај вести на Viber
Американскиот претседател Барак Обама има имот вреден помеѓу 1,85 и 6,88 милиони долари, покажуваат податоците објавени на сајтот на Белата Куќа.
Обама и неговата Мишел пријавиле во април прилагоден бруто приход од 608.611 долари за минатата година, што е помалку во споредба со претходната, бидејки приходот од нивната книга што некогаш имаше одлична продажба, сега забележа пад.
Како претседател тој има право на плата од 400.000 долари годишно, наведува Ројтерс.
Додека потпретседателот на САД Џозеф Бајден пријавил имот вреден помеѓу 439.031 и 1,7 милиони долари, покажуваат податоците од извештајот. Бајден навел дека има финансиски обврзници помеѓу 755.000 и 1,67 милиони долари, вклучувајки и хипотека помеѓу половина милион и милион долари.