20 Април, 2024
0.0416

Еве што би правел Бил Гејтс со два долари

Објавено во: Стил 24 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Бил Гејтс - компјутерскиот гениј со големо срце. Ако парите се моќ тогаш  Гејтс е една од најмоќните личности во светот. Многумина го осудуваат поради агресивниот начин на работење, благодарение на кој стекнал огромен профит, но е исто така и многу почитуван. Тој често објаснува како да дојдете до пари, да заработите повеќе или како најпаметно да ги искористите вашите финансии.

Милијардерот на неговиот сајт објавил интересни бизнис трикови. Меѓу нив е и советот што да правите кога во џеб имате само два долари. Веројатно ова е најдобриот совет за таква финансиска ситуација.

 „Би одгледувал пилиња, тоа е она што би правел“, напишал Гејтс. 
Потоа го објаснил својот одговор.
 „Одгледување пилиња  е лесно и евтино. Може да биде важно за подобрување на здравјето на децата ширум светот поради тоа што пилињата се непроценлив извор на храна“, рекол Гејтс

Како што додал, јајцата ја олеснуваат борбата против гладот во светот, а тука е можноста јајцата да се излегнат, продадат пилињата и потоа со тие пари да се купи храна.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган