29 Март, 2024
0.0305

ЕВН Македонија – светлата страна на животот!

Објавено во: Мои пари 22 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

ЕВН Македонија обележува 10 години  од работењето. Во изминатава деценија врвен приоритет на компанијата беше создавање на сигурен и стабилен дистрибутивен систем и сигурност во снабдувањето со електрична енергија.

Трансформацијата на електроенергетскиот систем во Република Македонија е тесно поврзана со влезот на ЕВН групацијата во Македонија. Изминатите 10 години ЕВН континуирано инвестира во модернизација, развој и реконструкција на постојната и изградба на нова дистрибутивна мрежа, на сите напонски нивоа во вредност од околу 300 милиони евра.

Процесот на инвестиции во обновливите извори на енергија овозможи модернизација и зголемување на капацитетот на 11 мали хидроцентрали. На високонапонско ниво изградени се 5 нови високонапонски трафостаници и надземни водови, односно мрежа во должина од 50 километри. Новоизградената вискоконапонска подземна мрежа, пак, е во должина од 105 km, додека новата среднонапонска изнесува 2800 км. Со овие инвестиции се подобри квалитетот и сигурноста во снабдувањето.

Дополнително во среднонапонската мрежа се изградени 1050 нови дистрибутивни трафостаници и среднонапонска надземна мрежа во должина од 950 км. Новата изградена нисконапонска мрежа е во должина од 1700 км. Сменети се 850.000 стари броила, со нови автоматизирани броила. Овие инвестиции придонесоа за значително намалување на техничките загуби на електрична енергија, со што е подобрена енергетската ефикасност во системот. Континуираните инвестиции во развој на дистрибутивната мрежа на сите напонски нивоа, даде соодветен одговор на потребите на бизнис секторот во насока на остварување на економски развој на Република Македонија.

„До сега се инвестирани 300 милиони евра во модернизација на дистрибутивната мрежа.Воведовме центар за грижа на корисници, достапен 24/7 секој ден во годината, кој во текот на изминатите 10 години реализираше импресивни 4 милиони контакти.Со години, со особено внимание ја прифаќаме општествената одговорност и сме многу горди на тоа што во соработка со различни национални институции и невладини организации имаме воспоставено широко распространета и одржлива мрежа. За оваа посветеност говорат 13те награди за општествено одговорна компанија. Со тоа, сметаме дека сме нераскинлив дел од македонското општество и ќе продолжиме и во иднина, преку сите наши активности, да создаваме услови за развој на секој сегмент, за нашето заедничко добро“, изјави претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија АД, Скопје.

Покрај овие инвестиции ЕВН Македонија инвестираше и во сегментот на услуги, со формирање на Корисничко информативен центар во кој корисниците можат да добијат информација и услуга 24/7 на македонски, албански јазик и англиски јазик. Креирани беа услуги со кои се олеснува комуникацијата и се надминуваат отворените прашања со корисниците.

Модерниот начин на производство на електрична енергија и водење на дистрибутивниот систем е овозможен преку главниот Диспечерски центар на ЕВН Македонија од каде автоматски се управуваат малите хидроцентрали и поголемите трафостаници.Овој систем овозможува брзо и ефикасно функционирање на дистрибутивната мрежа што за крајните корисници значи подобра и поквалитетна услуга во секое време.

Согласно изработениот Мастерплан на ЕВН Македонија, во идните години предвидена е реализација на проекти за континуирано подигнување на квалитетот на дистрибутивната мрежа на целата територија на Република Македонија за што ќе се инвестираат 700 милиони евра. Целта е јасна, и во иднина со континуирани инвестиции и инплементирање на новите  техноилогии да се гарантира безбедно, сигурно и квалитетно снабдување со електрична енергија.


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија