23 Јануари, 2018
1.3999

ЕВН Македонија донираше возило за здружението „Мобилност Тетово и Гостивар”

Објавено во: Мои пари 11 Јануари, 2018

ЕВН Македонија донираше возило наменето за задоволување на потребите на лицата со телесен инвалидитет, членови на здружението „Мобилност Тетово и Гостивар“. Возилото кое носи порака „Со љубов за полесно движење”, ќе се користи за превоз на лицата со телесен инвалидитет при лекарски прегледи, настава и други социјални активности.


„Веќе три години живеам во Република Македонија и сметам дека е прекрасна земја, но сепак би рекол дека нема многу добри услови за лицата со посебни потреби. За тоа не смееме да впериме прст само во државата и во локалната самоуправа, некогаш треба и граѓанското општество и компаниите да направиме нешто за подобрување на тие услови“ рече г-дин Штефан Петер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

„Како одговорна компанија сме горди што со овој чин и преку соработката со граѓански здруженија и организации придонесуваме за подобрување на условите за лицата со посебни потреби” додаде г-дин Петер на примопредавањето на донацијата.

На настанот присуствуваше и Градоначалничката на општина Тетово, г-ѓа Теута Арифи, која изрази благодарност за донацијата.

Ми претставува задоволство што со донацијата на ЕВН Македонија се прави добро дело за здружението „Мобилност Тетово и Гостивар“ кое има секогаш поддршка и од општината. Се надевам дека во иднина ќе имаме и други компании кои ќе се вклучат во проекти што ќе им помагаат на лицата со посебни потреби и ќе придонесат тие да не се чувствуваат дискриминирани.”


Возилото ќе го користат над 700 членови на здружението „Мобилност“ од регионот на Гостивар и Тетово, како и соседните општини за што посебна благодарност изрази и Велибор Јаќимовски, претседател на здружението. Инаку, иницијативата за набавка на возилото за лицата со посебни потреби е на пратеничката на СДСМ, г-ѓа Ѓулумсер Касапи.

Можеби ќе ве интересира

Доделена главната награда од наградната игра „Happy Monday“ за корисниците на Mastercard платежните картички

Доделена главната награда од наградната игра „Happy Monday“ за корисниците на Mastercard платежните картички

Во манијата со крипто-валути, сите заборавија на овој гигант кој соборува рекорди

Во манијата со крипто-валути, сите заборавија на овој гигант кој соборува рекорди

(ВИДEO) „Фчерашни новости“: Ќе си ја заврши ли конечно Нимиц работата?

(ВИДEO) „Фчерашни новости“: Ќе си ја заврши ли конечно Нимиц работата?

Last Minute Sale со попусти до 70%

Last Minute Sale со попусти до 70%

„Фчерашни новости“: Разговор со италијанскиот сопственик на депонијата Дрисла

„Фчерашни новости“: Разговор со италијанскиот сопственик на депонијата Дрисла

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Убавицата и раперот гости во „Еден на Еден“ (ВИДЕО)

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Убавицата и раперот гости во „Еден на Еден“ (ВИДЕО)

Искористете го продолжениот викенд, дојдете во Скопје сити мол на шопинг, ве очекуваат попусти и до 70 отсто

Искористете го продолжениот викенд, дојдете во Скопје сити мол на шопинг, ве очекуваат попусти и до 70 отсто

Бистро Скопје стана вистински скопски хит!

Бистро Скопје стана вистински скопски хит!

УСАИД поддржа формирање на кластери со цел создавање посилни и поконкурентни компании на светскиот пазар

УСАИД поддржа формирање на кластери со цел создавање посилни и поконкурентни компании на светскиот пазар