19 Април, 2024
0.0278

Европа е во поларен хаос - Премрзнати жртви, блокиран сообраќај

Објавено во: Свет 08 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Добар дел од европскиот континент е зафатен од студен бран со поларни температури кои достигнуваат минус 25. Поради екстремното ладно време има повеќе премрзнати жртви, а сообраќајни линии се во прекин во повеќе земји.

Во последните 2 дена во Полска 10 лица загинаа во ледениот бран кој ќе потрае и преку викендот, а во Истанбул е запрен воздушниот и водениот сообраќај. Вкупниот број на жртви во Полска кои починале од хипотермија од 1 ноември се искачи на 53. Во одредени делови на земјата температурите паднаа на - 20 степени.

Живата во термометарот во текот на ноќта во Москва се спушти на - 32, па граѓаните го дочекаа Божиќ во студ, каков што не е забележан во последните 120 години. Во Санкт Петербург каде се забележани - 24 степени, полицијата пронајде тело на маж кое замрзнало во текот на ноќта.

Најмалку седум луѓе починаа во Италија од студот во последните два дена, со што бројот на жртвите од поларниот бран во Европа се искачи на 20. Шест бездомници починаа од замрзнување во Италија, каде поради снежните врнежи сите летови се пренасочени, а возовите се откажани. 

Температурата падна на -10 степени во подрачјето што го погоди три земјотреси во август и октомври. На Аматриче и Акумоли, двете места посебно погодени од потресите, обилно паѓа снег, еднакво како и во Апулија и на Сицилија.

Метеролошките служби предвидуваат нови снежни врнежи во текот на викендот. Одредени училишта на југот од Италија, каде висината на снегот е околу метар, нема да работат во понеделник, наведува Анса. Во Бугарија во близина на турската граница, се пронајдени телата на двајца илегални ирачки мигранти.

И Швајцарија, ноќта во саботата беше погодена од поларен студ, па така во Давос беа измерени -19, а во Берн -15,5 степени.

АП наведува дека во Белгија настрадал маж кога камионот кој го управувал излетал од патот.


Во Солун се измерени 7 степени под нулата, а денеска според прогнозите треба да биде најстудено, -10. Неколку грчки острови, на кои главно е топло, се покриени со снег и температурите се ниски.

Во Турција снежните врнежи го блокираа Истанбул, повеќе од 650 летови се откажани поради лошите временски услови.

Анадолија известува дека и траектите застанале. Снегот синоќа што паѓал формирал снежна покривка од 40 сантиметри во Истанбул и направил хаос на патиштата.

И во Германија ноќеска беше најстудно оваа зима, па така во две баварски села се измерени -26, а во Берлин -15.


Можеби ќе ве интересира

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ЕПСКАТА ПОПЛАВА ВО ДУБАИ! Еве зошто поплавите направија хаос - експертите се загрижени

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ЕПСКАТА ПОПЛАВА ВО ДУБАИ! Еве зошто поплавите направија хаос - експертите се загрижени

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами