Европа презема мерки против 17 даночни раеви
Објавено во: Свет 05 Декември, 2017
Министрите за финансии на Европската унија одобрија „црна листа“ на 17 оф-шор зони.
„На ниво на ЕУ усвоивме листа на држави кои не се занимаваат доволно со борбата против даночното затајување. Оваа црна листа вклучува 17 држави“- изјави францускиот министер Бруно Ле Мер во Брисел.
На листата се Американска Самоа, Бахреин, Барбадос, Гренада, Гуам, Јужна Кореја, Макао, Маршалски острови, Монголија, Намибија, Палау, Панама, Света Луција, Самоа, Тринидад и Тобаго, Тунис, и Обединети Арапски Емирати.
Повеќе од 20 земји можат да бидат вклучени во црната листа на даночни раеви на ЕУ, пишуваше претходно Financial Times.ЕУ најавува деа ќе се обиде да се справи со агресивните даночни затајување.