26 Април, 2024
0.0287

ЕВРОПА во 2012: Пад на рејтингот, невработеност и рецесија во еврозоната

Објавено во: Свет 24 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Со големите грчки долгови започна годината, а, кризата се продлабочи поради критичната состојба со јавните финансии во Шпанија и Италија. Сепак, од сите лоши работи за еврозоната можеби се раѓа и нешто добро. Еврозоната во новата 2012 година влезе со стари проблеми. Наталожените долгови во практично банкротираната Грција и се посложената состојба во презадолжените Шпанија и Италија опасно се заканија по иднината на заедничката европска валута. Привремениот механизам за помош на земјите во финансиски проблеми ЕФСФ, беше недоволен за стабилизација на состојбата, па кредитните агенции го рушеа рејтингот на низа држави, невработеноста достигна рекордно ниво, а по кусото зајакнување добар дел земји тргнаа по пат на второ рецесиско дно. Германската канцеларка Ангела Меркел се покажа речиси нескршлива заговорничка за политика за штедење, барем кога се во прашање презадолжените кои во овие прилики германските пари се обидуваа да ги извлечат од калта. Во тоа имаше сесрдна поддршка од францускиот претседател Никола Саркози, но по изборната победа на социјалистот Франсоа Оланд, на кого буџетското штедење не му значи премногу, сепак е создадена своевидна рамнотежа. Грчко секојдневие станаа генерални штрајкови, улични протести и судири меѓу демонстрантите и полицијата. Покрај големата криза, порасна и анти-имигрантскиот и националистичкиот сегмент, па на популарност добива екстремно десната партија Златна зора. Вонредни парламентарни избори се одржаа два пати. Во мај никој не успеа да формира власт, па новата рунда гласање беше одржана во јуни, а премиер стана Антонис Самарас. Неговата влада колку толку успеа да се справи со исклучително тешките услови на меѓународната комисија па кон крајот на годината агенцијата Стандард и Пурс кредитниот рејтинг на Грција со оценка Д, која значи тотален банкрот, го зголеми на Ц што и понатаму значи банкрот, но подразбира и надеж за зајакнување. Во Шпанија економската драма на улиците се прелеваше низ големи демонстрации на младите, образованите и невработените, т.н. индигнадоса. И тие во неколку наврати се сретнуваа со полициски пендреци, но движењето со време помалку изгуби на сила. Иако конзервативниот премиер Мариано Рахој и понатаму се справува со притисоците за отплата на наталожените јавни долгови и намалување на големиот буџетски дефицит да побара финансиска инекција од ЕЦБ, пред неколку недели сепак побара 39,5 милијарди евра од европските фондови за спас на четири банки во државна сопственост. Целата состојба се разгоре од сепаратистичките стремежи во Каталонија, во која новата власт вети дека ќе организира референдум за независност од Шпанија. Поддржувачите за отцепување сметаат дека тој најбогат шпански регион му дава премногу на Мадрид, а за возврат добива премалку. Во истиот тој Мадрид централната власт тврди дека било каков референдум за независност би бил спротивен на уставот. Наспроти штедливата буџетска политика на претседателот на технократската влада Марио Монти, која барем некое време таа држава ја исфрли од фокусот, економската состојба во Италија и понатаму е тешка. Поранешниот премиер Силвио Берлускони неодамна во парламентот низ гласови на пратеници на својата партија на Монти не му даде поддршка и го принуди на оставка, истовремено почнувајќи кампања за сопствено враќање во високата политика од која беше принуден да замине токму поради кризата. Во еден од своите неодамнешни говори рече дека Италија може да биде принудена да ја напушти еврозоната. Меѓу останатите жртви на кризата во еврозоната се истакна и Словенија, во која наводната корумпираност на градоначалникот беше повод за бран на насилни улични протести. На ниво на целата Европска унија поради кризата почна се поинтензивно да се разговара и преговара за подлабока интеграција на членките. Во март беше потпишан фискален пакт кој има за цел да ги принуди членките на поголема дисциплина во управувањето со јавните финансии. На пактот одбија да се приклучат само Велика Британија и Чешка. По долгите преговори, неодамна беше договорена и првата фаза на банкарска унија која во иднина треба да оневозможи, скапите грешки на финансискиот сектор да ги плаќаат даночните обврзници.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек