ЕВРОПА ЗАГРИЖЕНА: Оваа земја е темпирана бомба на сиромаштија
Објавено во: Балкан 03 Септември, 2017
Од кризата во 2008 година, најголем пад на платите во источните земји од Европа има во Хрватска.
Овој факт ја загрижува Европа. Во споменатиот период, личниот доход во земјата од 43% од западноевропскиот просек паднал на 37%.
Распонот во Бугарија е 18%, во Естонија е 42%, а во Словенија која отскокнува од другите земји е 60%.
За разлика од Западна Европа, во источниот дел работничките права се помали.
Платите во Хрватска се мали, пензиите исто, но и куповната моќ на граѓаните е опадната.
Во анализите се наведува дека Хрватска го допрела европското дно.