20 Април, 2024
0.0255

Европејците кои живееле најмалку 5 години во Велика Британија, ќе имаат право на постојано државјанство

Објавено во: Свет 23 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Премиерот на Велика Британија Тереза ​​Меј се сретна со своите колеги од земјите од Европската унија за време на самитот во Брисел. Таа упати кон нив „чесен“ (според нејзините зборови) предлог за правата на европските граѓани, кои остануваат да живеат во Велика Британија по Brexit, коментира агенцијата Reuters. Лидерите на ЕУ сепак го пречекаа нејзиниот предлог со доза на скептицизам и изјавија дека остануваат многу прашања да се решат.

„Минатата вечер бев задоволна што можев да изложам многу чесен и многу сериозен предлог за граѓаните на ЕУ кои живеат во Велика Британија, а Владата ќе изложи повеќе детални предлози во понеделник“, рече Меј во петокот, кога е вториот ден од средбата во Брисел. “Сакам да ги уверам повторно сите овие европски граѓани кои се во Велика Британија, дека никој нема да мора да ја напушти. Не сакаме да гледаме разделени семејства“, додаде таа.

Меј објасни дека европските граѓани кои живееле во Велика Британија 5 години, можат да останат засекогаш. Оние кои се таму од помалку време, пак имаат право да останат, за да стигнат до 5-годишниот праг. Можноста за добивање на постојано британско државјанство ќе отпадне по двегодишен период.

Германскиот канцелар Ангела Меркел, која претходно изјави дека сака „широки гаранции“, коментира дека давањето на полни права на европските граѓани кои живеат во Велика Британија од пет години, е „добар почеток“. Таа, сепак, додаде дека остануваат многу прашања кои треба да бидат одговорени.

„Ова е добар прв чекор кој го цениме“, коментира и австрискиот канцелар Кристијан Керн, кој сепак исто така, рече: „Многу детали остануваат неразјаснети. Многу европски граѓани се загрижени и не веруваат во ветувањето на Меј. Има долг, долг пат за измина за преговорите“.

Можеби ќе ве интересира

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски