Европратеничката тројка повторно во Македонија
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2018
Тројцата европратеници Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан од понеделник повторно ќе бидат во Македонија како едни од најредовните гости во меѓусебната соработка со Европскиот парламент.
Тие ќе учествуваат на 13. Конференција на Парламентарните комисии за европски прашања/интеграции на државите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација од ЈИЕ – Косап.
Вообичаено, Вајгл, Фекенштајн и Кукан со македонските власти разговараат за реформскиот процес и европските интеграции, но засега нема потврда дали ќе се сретнат со државниот врв и дали ќе се разговара за процесот на преговори за решавање на спорот со Грција околу уставното име.