19 Април, 2024
0.0347

Европската илузија за еднакви животни стандарди

Објавено во: Анализа, Економија 29 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Африка започнува јужно од Рим. Барем така се шегуваат многумина во Италија. Тоа е политички коректно навестување за корупцијата, мафијата и лошото управување во јужниот дел на земјата. Но се има предвид пред се економската ситуација.

Со години јужна Италија е зависна од остатокот на земјата. Со години Европската унија се мачи да го промени тоа и постојано фрлаат нови пари во регионите Апулија, Калабрија, Сардинија и Сицилија. Но тоа не помогна, пишува во својата анализа Die Welt.

Италијанската Медзоджорно останува зависна. Регионите околу Палермо, Месина и Реџо ди Калабрија, всушност требаше да земат раст над просечниот, за да се израмнат со побогатите региони на Европа. Но меѓу 2000 и 2013 година растот е сличен на оној во Минхен, а јазот останува голем, станува јасно од собрани регионални податоци на Институтот на германската економија (IW) во Келн, претставени во Die Welt. Институтот го става јужниот дел на Италија во категоријата „заостануваат“, кои и покрај сиромаштијата растат со темпо под просекот на ЕУ.

Податоци како овие можат да предизвикаат сомнежи за досегашната европска структурна политика. Нејзината цел е сеуште оние региони кои се во економски обесправените, да се израмнат со развиените и богатите региони, односно - да се развиваат побрзо.

Со децении се излеваат сериозни пари за утврдени во Договорот за ЕУ ​​цел „да се намали заостатокот на повеќето региони“. За периодот меѓу 2014 и 2020 година се планирани расходи во износ од 352 милијарди евра - една третина од буџетот на ЕУ.

Најголем дел од парите традиционално се излеваат кон Источна Европа и Шпанија, Португалија, Италија и Грција. Всушност кохезионата политика на ЕУ е една огромна машина за редистрибуција, но има се повеќе сомнежи за успехот на гигантската помош за развој. „Европската регионална политика никогаш не била толку успешна како што си ја замислувавме“, вели Хенри Ѓоке, автор на студијата на IW.

aanal

Легенда: Во црвено се „заостанатите“ региони во зелено - „развиение“. При кликнување на даден регион излегуваат податоци за БДП по глава на жител во 2000 година и 2013 година и растот за периодот.

И во моментов структурните политики водат до сериозни спорови. Буџетскиот експерт на германската Демохристијанска унија CDU во Европскиот парламент Ингеборг Гресле е гневен со години од фактот дека ресурсите всушност се растураат, наместо да се вложуваат во значајни проекти.

Распределувајќи парите, политиката на кохезија стана цел сама за себе, смета таа. „Тие не се казнуваат, ако не се справат. Но исто така и не добиваат ништо, ако има успех “, вели таа. „Тоа стана перверзен систем“.

Особено загрижена е таа од ситуацијата во Италија. Гресле често патува до таму за да разговара со официјални лица и да ги провери на место проектите. И повторно се враќа дома со чувството дека нема никаква промена.

„За мене Јужна Италија е класичен доказ дека ние дозволуваме значителни грешки со оваа форма на политиката на кохезија“, вели таа. „Не може еден од основачите на ЕУ да прима во текот на толку многу децении се повеќе пари, но да не зема предвид никаков реален резултат“.

До кој степен е успешна како целина структурната политика е дискутабилно. Традиционално таа треба да ги доближи заостанатите области до богатите делови на Европа. Со инвестиции во инфраструктурата на пример.

Реалноста не е толку леснa за разбирање. „Силен напредок постигнат целосно во некои земји од Источна Европа и некои региони во Шпанија и Португалија“, се вели во студијата на IW. Од друга страна, постојат бројни региони кои заостануваат во економските фактори со раст под просекот на ЕУ. Покрај Италија ова се однесува за многу области во Грција, Франција и Велика Британија.

Дури и во Германија има такви области. Округот Меркиш-Одерланд во Бранденбург пример забележа раст од само 16% од 2000 година. Со тоа, тој е на едно ниво со Месина во Сицилија.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза