19 Април, 2024
0.0260

Европската комисија го казни Фејсбук со 110 милиони евра

Објавено во: Стил 18 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Европската комисија денеска ја казни социјалната мрежа Фејсбук со 110 милиони евра бидејќи доставувала неточни и лажни податоци за преземање на сервисот WhatsApp.

„Денешната одлука праќа јасен сигнал дека компаниите мора да ги почитуваат сите аспекти на правилата на ЕУ за спојување на фирми, вклучувајќи ја обврската да достават точни информации“, соопшти комесарот на ЕУ за конкурентност Маргарет Вестгер.


Комисијата во образложението на одлуката наведува дека Фејсбук во 2014 година соопштил дека не е во состојба автоматски да ги поврзе корисниците на оваа социјална мрежа со налозите на WhatsApp, но две години подоцна го направил токму тоа, пренесе Ројтерс.

Оваа казна не ја поништува одлуката на Комисијата да го одобри купувањето на WhatsApp и не е поврзана со одвоени истраги за заштита на податоците, се додава во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре