19 Април, 2024
0.0250

Европската унија ќе им помогне на млекарите со 500 милиони евра

Објавено во: Агробизнис 18 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Со 500 милиони евра Европската унија ќе им помогне на земјоделците кои се во кризна ситуација поради ниските откупни цени на млекото, пишува „Ројтерс”.

Поевтинувањето на млекото почна откако Брисел ги укина квотите за негово производство лани, а во прилог за кризата придонесе и забраната на Русија да се увезуваат во земјата западноевропски млечни производи како и слабиот увоз во Кина.

Пакетот за помош на фармерите вклучува 150 милиони евра субвенции, кои ќе ги намалат произведените количества и 350 милиони евра во прилог на веќе одобрените национални субвенциски пари во самите земји-членки.

Цените на млекото продолжија да опаѓаат и од почетокот на оваа година како пад во однос на претходниот јуни за 14,2 отсто, покажуваат податоците на Европската комисија.

“Денес е добар ден за европското и германското земјоделство”-  коментира веста Кристијан Шмит, министер за земјоделство на Германија,

Тој вели дека овој пакет помага за решавање на две прашања, за количината на произведено млеко и за изгледите во секторот.

Германија реално ќе биде најголемиот корисник на помошта и ќе добие околу 58 милиони евра од вкупниот пакет од 350 милиони евра, соопшти Европската комисија. Потоа следува Франција – со удел од 50 милиони евра, а Велика Британија ќе добие 30 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари