24 Април, 2024
0.2830

Европски експерти ќе не советуваат како да го планираме буџетот

Објавено во: Економија 07 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Две години преку твининг проект норвешки и холандски експерти ќе ги обучуваат административците од министерството за финансии како да ги кројат буџетските пари. Почетокот на овој проект денеска го означија министерот за финансии Зоран Ставрески, евроамбасадорот Аиво Орав и амбасадорот на Финска во Македонија, Јуха Отман. Со пари од Европската унија ќе се даде поддршка на министерството за подобрување на вештините за економски анализи и економски предвидувања. Проектот ќе чини еден милион евра, а активностите предвидени со проектот ќе придонесат за исполнување на економските критериуми и условите од поглавјето 17, кои се услови за процесот за пристапување. „Овој проект треба да овозможи размена на информации за економските политики и прогнози со цел да создаде покохерентна макроекономска рамка. Економската криза наметна потреба од поефикасни механизми за водење на економски политики. Оваа помош за министерството за финансии е биде во насока на создавање одржлива економска политика и економски раст, создавање на работни места и зголемување на конкурентноста“ изјави Аиво Орав. „Ова е силен мотив и патоказ за реформите на владата.Овој проект е значаен за зајакнување на капацитетите на министерството за финансии, за мерките и активностите за зголемување на економскиот потенцијал и за зајакнување на економскиот раст“ изјави Зоран Ставрески, министер за финансии  

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска