Eвропски политичар ја нарече Европа кукавица
Објавено во: Свет 10 Декември, 2017
Претседателот на Чешка, Милош Земан ја критикуваше Европската Унија дека е „кукавица“, зборувајќи за реакцијата на Брисел по американското признавање на Ерусалим за главен град на Израел.
„Европската Унија, кукавицата, прави сѐ за пропалестинската терористичка струја да превладее над произраелската струја“- кажа Земан.
Тој потсети дека уште во 2013 предложи преселување на чешката амбасада од Тел Авив во Ерусалим.
Чешкото Министерство за надворешни работи во четвртокот соопшти дека одлуката за преселување на чешката дипломатска мисија во Ерусалим може да биде донесена само „како резултат на преговори меѓу клучните партнери во регионот и во светот“.
Согласно на ставот на ЕУ, чешкото министерство смета дека Ерусалим треба да биде „идниот главен град на двете држави, Израел и идната палестинска држава“.
ЕУ во четвртокот поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за селење на амбасадата на САД во Ерусалим предупреди на можноста за враќање „во уште помрачни времиња од оние во кои живееме сега“.
Земан претходно ја критикуваше Европа за двојните стандарди и за политиката кон бегалците.