Европскиот парламент мора да ја спаси слободната трговија со Канада
Објавено во: Економија 22 Октомври, 2016
Мартин Шулц, претседателот на Европскиот парламент, изјави дека ќе вложи максимален напор да се надминат последните пречки за постигнување на договор за слободна трговија со Канада, откако на тоа се спротистави франкофонскиот регион Валоне од Белгија чиј премиер не се согласува.
Шулц се сретна со канадската министерка Фриленд со која ќе направат последни напори да се „испеглаат“ разликите.
„Сега топката е на европско поле, се надеваме дека можеме да најдеме решение. Лично многу се заложив, но сега ми е јасно, јасно и е и на Канада, дека ЕУ е неспособна да постигне договор, дури и со една земја која има европски вредности, со земја која е фина и стрплива како што е Канада“, рече Кристија Фриленд, канадската министерка за надворешна трговија.