28 Март, 2024
0.0422

Европскиот систем на наградување ќе доделува Националната награда за ООП

Објавено во: Економија 18 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Националната награда за најдобри општествено одговорни практики (ООП) годинава станува дел од иницијативата „Европски систем на наградување на општествена одговорност на претпријатијата“, поддржана од Европската комисија, најави министерот за економија Ваљон Сараќини на денешната прес-конференција.

 - Денеска го објавуваме шестиот конкурс за доделување на  награди за најдобри општествени практики. Годинава за првпат се приклучуваме на европската иницијатива за доделување на награди во делот на општествената одговорност што практично значи  дека нашите претпријатија ќе имаат можност да се натпреваруваат со претпријатијата од вкупно 29 земји, рече министерот Сараќини.

Според министерот целта е да се овозможи поголема видливост на најдобрите општествено одговорни практики, да се истакнат најдобрите европски проекти во делот на општествената одговрност, да се зајакне размената на најдобрите општествено одговорни практики во Европа и да се подигне свеста на компаниите за вложување во општествената одговорност.

- Најдобрите пректики на нашите компании годинава ќе бидат  промовирани и презентирани пред пошироката јавност во Брисел и поради тоа ќе добијат сертификат потпишан од висок претставник на ЕК што ќе значи многу за нив поради тоа што ќе добијат дополнителна шанса за промовирање на европскиот пазар, посочи Сараќини.

Евроамбасадорот Аиво Орав искажа благодарност што и Македонија се приклучува на иницијативата на ЕК за општествена одговорност, со што, како што рече, се отвора можност локалните компании да учествуваат на паневропскиот настан.

- Наградата ги поттикнува претпријатијата во целост да ги исполнат своите општествени одговорности кон општеството и нивното опкружување. Со тоа можат да ја изградат довербата на нивните потрошувачи и на граѓаните како база за одржлив бизнис модел. Тоа им помага да креираат опкружување во кое ќе можат да создаваат иновации и да раснат, рече Орав.

Според претседателот на Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата, Александар Николовски, Европскиот систем на наградување на општествената одговрност на претпријатијата ќе ни помогне во усовршување на критериумите кои ги користевме изминатите години за оценување на пријавите кои пристигнуваа од претпријатијата, рече Николовски.

Во Македонија, додаде, има компании со добри практики иако пред неколку години претпријатијата главно се фокусираа на донации и спонзорства што на некој начин можеше да се сфати како рекламирање, но во последните две години состојбата драстично се смени.

- Веќе има претпријатија кои нудат посебни производи и услуги наменети за одредени маргинализирани групи. Тоа значи дека повеќе не ја сфаќаат општествената одговорност само како ад-хок донации и спонзорство, туку темелно го променуваат начинот на кој функционираат и настојуваат преку општествената одговорност да изградат модел кој ќе обезбеди одржливост на нивниот бизнис и на општествената заедница, рече Николовски.

Заинтересираните македонски компании почнувајќи од денеска па до 11 март годинава можат да аплицираат  за добивање на наградите за најдобра општествена одговорна практика со пополнување  на формуларите што можат да се најдат на веб-страниците на Министерството за економија и на Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата. Церемонијата за доделување на наградите  во Македонија ќе се одржи на 18 април годинава.

Наградата и годинава се доделува во пет категории: односи со вработените, етичко управување, односи на пазарот, заштита на животната средина и вложување во заедницата. Во секоја од петте категории има две групации  во кои ќе се доделуваат наградите. Првата групација е за малите и средните, а втората за големите претпријатија. Едно претпријатие може да аплицира само со еден проект во една категорија, а истовремено може да учествува со повеќе проекти во различни категории.

Во изминативе пет години во Македонија беа наградени 57 добри  практики. Просечно годишно пристигнуваа по 50 апликации од 35 компании, а во секоја од петте години аплицираа скоро истите компании.

Можеби ќе ве интересира

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?