Европските берзи во добивка, во ФЕД збунети, доларот користи шанса
Објавено во: Економија 28 Септември, 2017
Европските берзи бележат добивки, додека доларот зајакна со назнаки дека американската централна банка до крајот на годината уште еднаш ќе ја зголеми референтната каматна стапка.
Покрај шпекулациите околу одлуката на Федералните резерви во врска со каматните стапки, инвеститорите ги следи најава на реформа на даночен систем во САД со што би требало да бидат намалени наметнувањата.
Германскиот индекс DAX пораснал 0,5 отсто, францускиот CAC 40 0,2 отсто, а британскиот FTSE 100 0,3 отсто.
Фјучерсите на Волстрит укажуваат на благ раст на почетокот на тргувањето.
Во Азија јапонскиот Nikei 225 паднал 0,3 отсто, јужнокорејскиот Kospi 0,1 отсто, додека шангајскиот композитен индекс пораснал 0,1 отсто, додека Ханг Шенг 0,5 отсто.
Шефицата на Фед Џен Јелен рекла дека американската централна банка е збунета од ниската инфлација, но и рекла дека ФЕД треба да биде внимателен да не биде бавен во подигањето на каматите. Бидејќи референтните камати биле на рекордно ниско ниво седум години после кризата во 2008, ФЕД умерено ги подигнал четири пати од 2015, но и понатаму се на ниво помеѓу еден и 1,25 отсто.Со шпекулациите за новото подигање на референтите во САД, доларот зајакнал во однос на другите валути.
Цените на нафтата пак се во помал пад. Нафтата Брент, која вчера била на највисоко ниво во последните две години, денес поевтинила за 0,7 отсто на 58 долари за барел. Вредноста на референтната американска нафта паднала за 0,1 отсто, на 51,8 долари за барел.