ЕВРОСТАТ: Луксембург со највеќе странци, кои земји се на втора и трета позиција?
Објавено во: Свет 19 Март, 2017
Околу 34 милиони луѓе во Европската унија се сметаат за мигранти.
Според истражување на Евростат, повеќе од 45% жители во Луксембург се странци. Следат Кипар со 19,5% странци, Летонија со 15,2%, Естонија 14,9%, Австрија 12,5%, Ирска со 11,8% и Белгија со 11,3% странци.
Во држави од Источна Европа помалку од 1% странци живеат во Полска, Романија, Хрватска и Литванија. Интересен е фактот дека најмногу Полјаци живеат во други држави од ЕУ.
14,3 милиони се граѓани на ЕУ кои искористиле можност за слободно движење во рамки на Унијата, а помалку од 20 милиони влегле во ЕУ од држави што не се членки.
Бројот на странски работници кои краткорочно работат во држави во ЕУ е мал и покрај зголемувањето од 60% од 2010 до 2015 година. Најмногу такви работници има во Германија – повеќе од 418.000 а потоа следат Британија со 177.000 и Белгија со 156.000 работници. Најголем прилив на мигранти е регистриран во 2015 година и 2016 година, а најголем дел од нив дошле од Сирија и од Блискиот Исток.