ЕВРОТО И ГЕРМАНСКИОТ ИЗВОЗ: Во која насока ќе тргнат?
Објавено во: Финансии 10 Февруари, 2018
Германскиот трговински вишок е намален на 245 милијарди евра во 2017 година, од рекордните 249 милијарди една година претходно.
Во 2017 година увозот им скокнал за 8.3% на рекордни 1.030 милијарди евра.
Извозот на Германија скокнал за 6.3%, на 1.300 милијарди евра поради опоравување на светската економија.
Лани за 7.9% пораснала потребата од германски производи ширум ЕУ.
Увозот од трети земји меѓу кои е и САД скокнал за 9.1%.
Се смета дека силното евро може да го „закочи“ германскиот извоз во следните месеци.
Американскиот претседател, Доналд Трамп го критикува овој германски вишок, го смета за неправеден американски кусок, во размена со најмоќната економија.
ММФ бара од Германија повеќе да троши и вложува за да го поттикне растот и потрошувачката и во други делови на светот.