20 Април, 2024
0.0964

Еврото паѓа под притисок на рецесијата во еврозоната

Објавено во: Финансии 09 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

На девизните пазари еврото забележа пад во текот на изминатата недела, бидејќи инвеститорите беа загрижени поради предвидувања за еконимијата во еврозоната, која најави подлабока рецесија отколку што до неодамна се мислеше. Девизниот курс на еврото во однос на американскиот долар ослабе 0,5 проценти минатата недела, на 1,2925 долари, а пад има и во однос на јапонската валута на 106,60 јени. Цената на доларот во однос на јапонската валута остана непроменета изминатата недела  82,45 јени за долар. До средината на неделата еврото зајакнуваше, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од панот за откуп на грчкиот долг под услови поповолни од очекуваните, со што порасна оптимизмот дека земјата ќе продолжи да добива помош од меѓународните кредитори и ќе избегне банкрот. Благодарение на ова, размена на еврото во средата, за прв пат во последниот месец и половина го проби нивото од 1,31 долари. Сепак, во втората половина од неделата стигнаа серија слаби економски вести од еврозоната, со што и еврото беше под притисок и падна под 1,30 долари. Прво, во четвртокот Европската централна банка ги намали предвидувања за растот на економијата во еврозоната за следната година во опсег од минус 0,9 до плус 0,3 проценти. Според претходните проценки за 2013 година, предвидувања за раст се движеа од минус 0,4 до плус 1,4 отсто. Германската централна банка Бундесбанк ја намали проценката на раст и во најголема економија во Европа во следната година од 1,6 на само 0,4 проценти. Со тоа Бундесбанк предупреди на ризик од рецесија во германската економија поради должничката криза во еврозоната, која трае веќе три години и сега го зема данокот. „Дискусиите за каматните стапки предизвикаа надолна траекторија на еврото во последните неколку дена, а извештајот на Бундесбанк дополнително ги зајакна притисоците“, рече Нил Мелор,  стратег за валути во „Bank of New York Mellon“. Од друга страна, американската валута зајакна поради позитивните резултати во петокот кога бројот на вработени во САД за ноември, беше објавено дека се зголемил за 146.000, додека стапката на невработеност падна од 7,9 на 7,7 проценти.    

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин