24 Април, 2024
0.0292

Евтината тарифа останува за граѓаните

Објавено во: Економија 14 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Во врска со информациите дека со предлог законот за енергетика евтината тарифа за граѓаните ќе биде укината, Министерството за економија како предлагач на законот ја информира јавноста дека со новото законско решение нема да се укине евтината тарифа, туку таа е гарантирана како минимум услов во процесот на либерализација на пазарот на електрична енергија, a формата ќе зависи од понудата на снабдувачот кој граѓаните ќе го изберат на слободниот пазар.

Имено, со либерализацијата на пазарот се зголемува конкурентноста и квалитетот на услугите, а европската пракса покажа дека кога има конкуренција на пазарот се нудат и дополнителни поволности за граѓаните од страна на снабдувачите.

За крајна заштита на граѓаните со новиот предлог закон за енергетика ќе биде воведен и т.н. универзален снабдувач, кој ќе треба по најниски цени да обезбеди квалитетна услуга на корисниците, вклучувајќи ја и евтината тарифа.

Новиот предлог закон за енергетика нуди европски решенија во интерес на граѓаните, со цел сигурно, безбедно и квалитетно снабдување со енергија. Со него домашното законодавство во целост се усогласува со ЕУ законодавството во енергетскиот сектор - Третиот пакет на енергетски мерки, согласно обврските и правилата преземени по договорот со Енергетската заедница.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?