19 Април, 2024
0.0240

ЕВТИНИ ЦЕНИ ЗА ТУРИСТИТЕ: Балканот главна атракција за 2017-еве каде да патувате!

Објавено во: Стил 31 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Европа продолжува да биде дом на многу од најскапите градови во светот, како и некои поволни места каде многу нешта чинат само околу една четвртина колку за меѓународен патник. Во седмото годишно издание за 2017 година Backpacker Index во Европа подредува 56 од најпопуларните градови на континентот од најевтините до најскапите.

10. Загреб, Хрватска

Крајбрежните морски градови на Хрватска се главна атракција во земјата, но главниот град Загреб, која е во внатрешноста има тенденција да биде кратка станица за повеќето туристи. Сеуште релативно ефтин од европските стандарди и особено во споредба со Италија во соседството, во Загреб туристите прават честа пауза на патот кон некои од морските градови.

Валута: хрватски куни

Најевтин хостел: Хостел Temza - 60.80 / ноќ

Транспорт: 20 куни

Храна: 84 куни

Пијалоци / Забава: 36 куни

Знаменитости: 30 куни

Дневен Backpacker Index: HRK 230.80 = US 32.69 / од ден

9. Варшава, Полска

Додека Краков во Полска е доста поевтина, престолнината исто така има со што да се пофали во прилог на поволни цени. Центарот е обновен по Втората светска војна и овој град е толку шармантен и импресивен.

Валута: полски злоти

Најевтин хостел: Chillout Hostel - 38.06 / ноќ

Транспорт: 6.80

Храна: 39.60

Пијалоци / Забава: 24

Знаменитости: 23.00

Дневен Backpacker Index: PLN 131.46 = US 31.45 / ден

8. Чески Крумлов, Чешка

Вториот најпопуларен туристички град во Чешка е вториот скапоцен камен во земјата, што не треба да се пропушти, ако сте во близина. Стариот град е совршено сочуван и уште не премногу популарен за туристите. Најубавото е дека Чески Крумлов е шокантно евтин, дури и во срцето на градот.

Валута: Чешка корона

Најевтин хостел: Travel Hostel - 247 / ноќ

Транспорт: 48

Храна: 288

Пијалоци / Забава: 90

Знаменитости: 100

Дневен Backpacker Index: CZK 773 = US 30.34 / ден

7. Киев, Украина

Киев отсекогаш бил релативно евтин и многу оддалечен во споредба со остатокот од Европа. Тешко е да се каже какви можат да бидат цените во секој момент во 2017 година, но најверојатно ќе продолжи да биде евтино место за посета.

Валута: Украинска гривна

Најевтин хостел: Хостел Elements - 191 / ноќ

Транспорт: 8.00

Храна: 354

Пијалоци / Забава: 180

Знаменитости: 15

Дневен Backpacker Index: UHR 748.00 = US 29.18 / ден

6. Сараево, Босна и Херцеговина

Сараево е дестинација која сеуште се бори да привлече туристи. Од Стариот град до современиот центар е многу интересен и исклучително гостопримлив град. Сараево е еден скриен дијамант, делумно затоа што е толку тешко да се стигне до него.

Валута: Босанска конвертибилна марка (фиксна па цените подолу се во евра)

Најевтин хостел: Хостел Ljubicica - 5.84 / ноќ

Транспорт: 3.60

Храна: 9.60

Пијалоци / Забава: 3.75

Знаменитости: 4.00

Дневен Backpacker Index: € 26.79 = US 28.50 / ден

5. Будимпешта, Унгарија

Друга одлична дестинација за патување е Будимпешта. Замоци и катедрали се доволно обележје, но тука може да имате корист и од термални бањи, кои се исклучително поволни.

Валута: Унгарски форинт

Најевтин хостел: Treestyle Hostel - 1547 / ноќ

Транспорт: 700

Храна: 3120

Пијалоци / Забава: 1050

Знаменитости: 1500

Дневен Backpacker Index: HUF 7.917 = US 26.75 / ден

4. Белград, Србија

Белград е еден од балканските градови кои имале тешки години, особено 1990. Градот се уште се бори да привлече повеќе туристи. Тоа е град во кој нема изобилство од атракции, но може да уживате во жив и интересен градски центар, со добар ноќен живот и привлечни цени.

Валута: Српски динар (цените подолу се во евра)

Најевтин хостел: Downtown Hostel Belgrade- 6.00 / ноќ

Транспорт: 1.50

Храна: 9.60

Пијалоци / Забава: 4.50

Знаменитости: 3.00

Дневен Backpacker Index: € 24.60 = US 26.17 / ден

3. Букурешт, Романија

Ова дефинитивно не е шармантен град во Романија, но Стариот град на Букурешт успева да го привлече вниманието на туристите, додека останатиот дел на градот се уште ја води оваа борба, пишува Priceoftravel.

Валута: Романски леј

Најевтин хостел: X Hostel Bucharest = 31.12 / ноќ

Транспорт: 5.00

Храна: 45.60

Пијалоци / Забава: 15.00

Знаменитости: 12.00

Дневен Backpacker Index: RON 108.72 - US 25.70 / ден

2. Краков, Полска

Краков е едно од најдобрите места за патување во Европа. Од ниските цени користат голем број Европејци за викенд паузи. Таму има многу големи и евтини хотели, барови и ресторани, кои ги одржуваат цените ниски, додека вие уживате во прекрасниот стар град и локалната култура.

Валута: полски злоти

Најевтин хостел: One World Hostel - 34.15 / ноќ

Транспорт: 5.60

Храна: 24.00

Пијалоци / Забава: 24.00

Знаменитости: 16.00

Дневен Backpacker Index: PLN 103.75 = US 24.82 / ден

1. Софија, Бугарија

Софија останува фантастична зделка меѓу европските метрополи, со многу пријатен центар за странски туристи. Цените на речиси сите стоки и услуги се многу ниски, со исклучок на летовите од други големи градови. Поради оваа причина Софија е станица за секој кој прави широка турнеја во регионот. Не очекувајте листа од безброј многу атракции, но можете да очекувате изненадувачки прекрасна градска атмосфера на шокантно разумни цени.

Валута: Бугарски леи

Најевтин хостел: Хостел Mostel - 11.45 (вклучува појадок)

Транспорт: 2.00 (цените веќе 1.60 за билет во главниот град)

Храна: 16.80

Пијалоци / Забава: 7.50

Знаменитости: 6.00

Дневен Backpacker Index: BGN 43.75 = US 24.04 / ден

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре