ЕВТИНИ КУЌИ: Ако имате 10.000 евра можете да бирате
Објавено во: Балкан 21 Мај, 2017
Во регионот се прошири веста дека во соседна Србија има многу евтини куќи.
Тие чинат колку половен автомобил. Ако имате 10.000 евра тогаш сте во позиција да бирате.
На планина или покрај река, со зеленило, оваа оаза чини евтино.
Голем избор има и за викендички, а цените варираат зависно од локацијата, инфраструктурата и во каква состојба е објектот.
Ако на некој од продавачите му се брза за продажба, куќа може да се најде и за 5.000 евра.
Најмногу се бараат куќи во околината на Космај, каде и многу актери, пејачи, уметници имаат имоти. Атрактивни се и куќите околу Панчево и Ваљево.