25 Април, 2024
0.0289

ЕВТИНО А ЛУКСУЗНО: Колку пари ќе ви требаат да летувате во Црна Гора?

Објавено во: Балкан 27 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Цените на приватен смештај во Црна Гора во јули и август ќе бидат речиси исти како и минатата година, од шест евра дневно во Бар и Улцињ до 10 евра во Будва.

Цените за ноќевање со доручек во хотел со две ѕвезди ќе биде 15 евра до 30 евра во хотел со четири или повеќе ѕвездички. 

Од аранжманите кои ги најдовме на интернет можеме да ве информираме дека најдовме примамлива понуда за ноќевање со појадок во хотел со сите луксузи и спа центар во Бечичи која ќе ве чини од 68 евра во претсезона па до 206 евра за двајца во шпицот од јули до август .

Оваа сума ќе ја платите за двокреветна соба, балкон со поглед на море и базен.

Зошто Црна Гора да биде ваша дестинација ова лето?

Пред се имате можност да уживате во евтини цени.

За македонските граѓани, особено од помладата генерација, Црна Гора е интересна туристичка дестинација, каде што се нуди многу забава. Најпопуларна, сепак, е Будва, каде што и во стариот дел на градот и во новиот можете да уживате во убавата храна и музика.

Поголемиот дел од плажите на црногорското приморје се урбанизирани. Така, само
чадор за сонце во Рафајловиќи ќе ве чини 1,5 евра, а во Будва вон сезоната чадор и две лежалки чинат 5 евра, а во сезона и 10 евра. Во Сутоморе, исто така во сезона, за чадор и две лежалки ќе треба да одвоите околу 8 евра.

Кафето чини 1,5 евра, соковите 1,7 евра и пивото околу 2 евра. Но интересна е појавата во многу кафулиња покрај плажа, каде што пивото во текот на денот има три цени. Така, наутро ќе ви го наплатат 1,5 евра, на ручек 2 евра, а навечер 2,5 евра. Но, сладоледот е со иста цена преку целиот ден и чини од 0,70 до 2 евра. Од 2 евра до 2,5 се сендвичите, сокот е 1,5 евра, а кафето од евро до 1,5 евра.

Уживањето во вода со возење на скутер ќе ве чини околу 30 евра, а помали се цените доколку изнајмите автомобил. За цел ден ќе треба да платите 20 до 25 евра. Доколку се возите со такси, старт чини едно евро, а секој следен километар 80 центи.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)