ЕВЗОНИ БЛОКИРАН И ДЕНЕС: Штрајкот на грчките земјоделци продолжува
Објавено во: Балкан 06 Февруари, 2017
Граничниот премин Евзони меѓу Македонија и Грција и денеска ќе биде затворен за сообраќај поради протестот на грчките земјоделци.
Сообраќајот е пренасочен преку премините Дојран и Меџитлија. Кај Дојран има задржување околу половина час.
Блокадите на грчките земјоделци почнаа минатиот понеделник и траат веќе една недела, а причина за блокадите е протест поради високите даноци.
На останатите патни правци сообраќајот се одвива по влажни коловози на места со магла и слаба видливост до 50 метри.
Доколку планирате да патувате имајте на ум дека се уште важи обврската за задолжителната зимска опрема.