29 Март, 2024
0.0256

Фајненшл Тајмс: Цвета економијата во Македонија

Објавено во: Економија 22 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Сторијата за Македонија како одлична земја за водење бизнис и како 23-то рангирана според последната ранг листа на Дуинг бизнис, се најде во угледниот лондонски весник Фајненшл Тајмс. Весникот го започнува прегледот на македонската економија со изјавата на премиерот Груевски кој се осврнува на податоците од 2006 година, кога Македонија беше на 96 место во светот според годишниот извештај на Светската банка, за веднаш потоа да додаде дека сега Македонија е на 23 место, а зад неа се дури 20 земји членки на ЕУ, како и сите земји во централна и источна Европа, додека  Македонија е дури 12 места пред Словенија, која обично беше прва помеѓу земјите од поранешна Југославија. Како што стои во сторијата, Владата на Груевски од 2006 година се осигури дека земјата ќе има најниски трошоци за водење бизнис во Европа, како и најниски даноци. Според спроведените мерки, се скратија даноците за точно 10 отсто, приходите за социјално осигурување се скратија за 27 отсто, а на компаниите им се обезбеди регистрација за само 4 часа со едношалтерски систем. Во статијата се констатира дека минималните даноци и понатаму се намалуваат доколку инвеститорите се сместат во една од технолошките индустриски зони, а многу од нив веќе се отворени за работа или се во изградба. Исто така се појаснува дека повеќето граѓани се доброобразувани, зборуваат англиски јазик и земаат бруто плата од 430 евра месечно, па оттука коментира весникот, не е ни чудо што толку инвеститори се заинтересирани за Македонија. Груевски особено се гордее со отворањето на фабриките на „Џонсон Контролс“ кои започнаа со работа во 2008 година, а оттогаш отворија и нова фабрика. Оваа година пристигнаа многу инвеститори како „Кромберг и Шуберт“, „Дрекселмаер“ и „Ван Хол“. Овие три проекти со инвестиции од 75 милиони евра, се очекува да вработат над 7.000 луѓе, стои во написот, а се нагласува и тоа дека премиерот е еономист со амбициозни планови за инфраструктурата на Македонија, гради патишта и ја модернизира железницата за земјата да се поврзе со соседните земји како Бугарија и Албанија, со што граѓаните нема да мора да патуваат само преку Солун. Весникот пишува и дека Премиертот сака да привлече инвеститори кои би покриле 49 отсто од ЕЛЕМ во замена за инвестиции за нов капацитет, а Владата, исто така, сака да привлече инвестиции во земјоделството, туризмот и текстилната индустрија, поради што се отвораат текстилни фабрики затоа што постои евтина можност за тоа, како и блискост со Европа и голема флексибилност. Како заклучок на позитивните реформи, весникот го споменува и проектот  „Скопје 2014“, со кој Владата го разубавила главниот град,  а како најистакнат споменик од многуте нови е фонтаната висока 22 метри, изработена од бронза и наречена „Воин на коњ“, се заклучува во статијата на Фајненшл Тајмс.  

Можеби ќе ве интересира

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие