29 Март, 2024
0.0353

Факом: Паушали од 42.000 денари за Савов и Мауровски, по отповикувањето на Бојаџиевска и Дамјановски

Објавено во: Економија 27 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

„Фактор“ при креирање на текстот „Колкави месечни паушали земаат членовите на надзорниот одбор во „Факом““ ги користеше податоци објавени на сајтот на Македонската берза за хартии од вредности, кои по реакцијата на Убавка Бојаџиевска се покажаа како застарени и делумно неточни

Актуелни членови на Надзорниот одбор на „Факом“ од Скопје се Горан Мауровски и Ѓорги Савов кои се назначени откако на 15 јуни годинава биле отповикани членовите на надзорниот одбор Убавка Бојаџиевска и Мино Дамјановски. „Фактор“ вчера објави информација деќа членовите на Надзорниот одбор на „Факом“ имаат месечни паушали од 42.000 денари, а претседателот од 52.000 денари.

При тоа „Фактор“ користејќи ги официјалните податоци од сајтот на берзатаод следниот линк  http://www.mse.mk/mk/issuer/fakom-ad-skopje објави дека меѓу членовите се Убавка Бојаџиевска и Мино Дамјановски. Вчера добивме реакција од Бојаџиевска која ја објавивме во целост:

 „Почитувани,На 16.10.2016г. имате објавено текст под наслов „Колку месечни паушали земаат членовите на Надзорен одбор во ФАКОМ“. Во истиот текст пишувате дека освен ќерката на Минчо Јорданов во одборот уште членуваат Убавка Бојаџиева и Мино Дамјановски. Би сакала да ве информирам дека од јуни 2016 година јас, Убавка Бојаџиевска и Мино Дамјановски не сме повеќе членови на Надзорниот одбор на ФАКОМ, а додека ние бевме членови месечниот паушал беше далеку, далеку помал. За новите двајца членови да се информирате дополнително. Иначе месечниот паушал драстично се зголеми откако се назначија новите два члена на Надзорниот одбор на ФАКОМ. Со почит,  Убавка Бојаџиевска 

По реакцијата „Фактор“ направи проверка на веб страницата на „Факом“ каде се потврди дека на акционерско собрание со одлука од 15 јуни годинава се отповикани Бојаџиевска и Дамјановски и на нивните места се именува Мауровски и Савов. Одлуката е на следниот линк 

http://www.fakom.com.mk/upload/SobranieAkcioneri2016/Odluki%2006.2016/%D0%BE%D0%B4%D0%BB%D1%83%D0%BA%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BE%D1%82%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%B8%20%D0%B8%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%87%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9D%D0%9E.pdf

На г-ѓа Бојаџиевска и се заблагодаруваме за реакцијата и се извинуваме, но грешката е ненамерна и не е наша туку е на Македонската берза за хартии од вредност чии податоци ги користеше „Фактор“.

Редакција Фактор


Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи