20 Април, 2024
0.0249

Факти за странските јазици кои не сте ги знаеле

Објавено во: Стил 04 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Постојат многу митови и заблуди во врска со јазиците кои се зборуваат ширум светот. 

Францускиот јазик е пологичен во споредба со останатите јазици

Митот дека францускиот јазик е најјасен и најлогичен помеѓу сите останати, со векови е посилен од вистината. Имено, уште во 1647 година славниот француски филолог, Клод Фавр де Воглас рекол дека во сѐ што се кажува се следи редоследот на логично размислување, што воедно е и природен ред, а во тоа време владеело мислењето дека тој јазик поседува природна логика и јасност која другите јазици (па дури и латинскиот) ја немаат. 

Кинеските знаци се наречени идеограми

Идеограм е графички симбол кој ја претставува идејата, наместо група букви, а многу европски мислители со векови верувале дека кинеските знаци служат токму за да се опише говорот. Италијанскиот мисионер Матео Ричи кинеското писмо го споредил со хиероглифи, а бидејќи тоа до ден денес е поедноставено, се дошло до тоа некои поими да се употребуваат како слогови, па може да се здружуваат што овозможува брзо читање и пишување. Некои од знаците кои се присутни во кинескиот јазик се освоени во системите за пишување во други источни јазици (како што е јапонскиот и корејскиот), а разликата помеѓу зборовите составени од повеќе симболи е екстремна. 

Јапонскиот јазик е уникатен и невозможно е да го научите

Многу Јапонци со години наназад верувале дека нивниот јазик е уникатен и дека странците не можат вистински да го разберат и да го совладаат. Меѓутоа, граматиката на овој јазик е прилично едноставна, додека пак единствен најголем проблем за сите оние кои сакаат да го совладаат јапонскиот јазик е неговото писмо.

Велшкиот јазик е застарен

Велшкиот јазик го зборуваат околу 611.000 луѓе во Велс и околу 130.000 во Англија. Исто така, покрај англискиот, тој е и официјален јазик во училиштата.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган