25 Април, 2024
0.0390

ФАКТОР ДОЗНАВА: Министерството за финансии бара начин како да се исплатат субвенциите на земјоделците

Објавено во: Агробизнис 25 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Во врска со проблемот на исплатата на субвенциите за земјоделците, согласно на мислењето на најголем дел од експерите за кривично право, постои проблем со членот 165 од Кривичниот закон, кој што априори ја забранува исплатата на субвенциите, дознава Фактор.

„Оваа состојба може да се надмине со укинување на спорната одредба од страна на Уставниот суд, со оглед дека со завршување на изборите и прогласување на нивната конечност, не се влијае на волјата на избирачите, а се оневозможува остварување на правата на граѓаните“ - додаваат извори на Фактор.

Во меѓувреме во Скопје и во внатрешноста денеска земјоделците излегоа на протести, и бараат исплата на субвенциите или ќе го блокираат целосно главниот град. Тие се заканија дека на протести ќе дојдат со механизација и со добиток. Денеска блокирани беа и патишта во Источна Македонија во знак на револт. 

Министерот за земјоделство,  Михаил Цветков вчера посочи дека има пари за субвенции за земјоделците, но се чека да се врати министерот за финансии Кирил Миновски кој е во посета на САД, за да се реши законскиот дел.

„Кај нас како Министерство за земјоделство и кај Платежната агенција не е спорно ништо за исплата на субвенции. Во секој случај, сега имаме проблем со Министерстовото за финансии и се надевам дека во најскоро време и овие проблеми ќе бидат завршени“ - рече Цветков.

Првиот човек на Министерството за земјоделство изјави дека е испратен писмен налог за исплата на субвенциите до Платежната агенција, но дека не може да лицитира со датумот кога парите би легнале на сметките на земјоделците.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари