Интервју со доајенот на бугарското новинарство Костадин Филипов
ФАКТОР МАГАЗИН: ДАЛИ БУГАРИЈА ПОСАКУВА СКОПЈЕ И АТИНА ДА СЕ ДОГОВОРАТ ЗА ИМЕТО ВАРДАРСКА МАКЕДОНИЈА ?
Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2018
Во новото
издание на Фактор магазин интервју со доајенот на бугарското новинарство
Костадин Филипов. Со долгогодишниот новинар
на Бугарската национална телевизија и одличен познавач за состојбите во
Македонија разговараме за тоа каков ќе
биде одговорот на Бугарија доколку евентуалното компромисно решението на името содржи
географска одредница спротивна на
интересите на официјална Софија ?
Дали Бугарија потајно посакува новото име да биде со додавката „Вардарска“. Зошто и по 25 години се уште не е изградена железничката пруга и до кога од Скопје до Софија ќе се патува по 5-6 часа ?
Од каде интересот кај Македонците за бугарски патни исправи ? Во 20 минутното интервју ќе слушнете зошто Филипов бара од македонските политичари да ги вратат бугарските пасоши.
Во емисијата првична реакција на поранешниот претседател на Врховниот суд Дане Илиев на тврдењата на екс премиерот Груевски дека македонското судство е заробено .
Во вечерашното издание го завршуваме серијалот посветен на јазичната поларизација и конфронтациите во одбрана на македонскиот и албанскиот јазик .
На оваа тема разговараме со универзитетските професори Искра Пановска Димкова , Ајтене Ќамили и актерот Бесфорт Идризи . Емисијата е проект на веб порталот Фактор, а уредник и водител е Горазд Чомовски.
Гледајте вечерва во 20.45 ч на тв 24.