20 Април, 2024
0.0287

ФАКТОР МАГАЗИН: ДО КОГА МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО ЌЕ БИДЕ „КЛИНИЧКИ СЛУЧАЈ“ РЕФОРМИ СЕ НАЈАВУВААТ, НО НИКАКО ДА СЕ РЕАЛИЗИРААТ

Објавено во: Македонија 15 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Македонското здравство никако да крене глава од хаосот кој наместо да се средува  состојбата станува се поалармантна.  До кога здравство ќе биде клинички случај?

Ќе останеме без лекари, каде се заглавени медикаментите, каква е ефикасноста на пропишаната терапија и мафијаското криумчарење со  штетни лекови ? За квалитетот на здравените услуги,  реформите одливот на лекари  во емисијата зборуваме со  тројца поранешни  директори на Фондот за здравство на различни владини и партиски групации. Професорите Никола Пановски, Рубинчо Заревски и  д-р Маја Парнаџиева Змејкова,  директорката која имаше морален код да се повлече од функцијата под притисок на јавноста за смртта на малата Тамара. 

Д-р Драган Данкуц е директор на клиниката за уво, грло и нос на Клиничкиот центар во  Војводина. Тој е професор на медицинскиот факултет во Нови Сад  и претседател на лекарското друштво.  Данкуц  во рамките наконцептот контрасти компарции паралели зборува за здравствениот систем и положбата на лекарите во Србија. Во емисијата и новинарката  Менче Атанасова Точи која долги години  ги опсервира случувањата во здравството. 

Во втoриот дел од политичко-економскиот магазин и за инклузивноста на лицата со хендикеп во македонското општество.

Александар Матовски е 26 годишно момче со Даунов синдром. Многумина го знаат како Цако. Неговите родители во една книга сведочат за предизвиците  и искушенијата  низ кои минувале со нивниот син.

Исплашени, посрамотени и исклучени од општеството многумина од нив цел живот го минуваат затворени. Родители жртвуваат кариера и даваат откази од работа само за да останат дома со своето хендикепирано дете. Зошто лицата со  хендикеп немаат соодветни услови за образование? Зошто не може да се спречи сегрегацијата при вработување на хендикепираните и како да престанат да се кршат нивните работнички права? Какви бариери им поставува државата?

 На овие прашања и дилеми дискутираме со Елена Кочоска од Полио Плус и Јадранка Аризанковска од Стопанска Комора на Македонија.

Фактор магазин недела во 20.45часот.


Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра