20 Април, 2024
0.0281

Фановите на SEAT го избраа Tarraco за име на новиот SUV

Објавено во: Мои пари 21 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

SEAT Taracco е името на третиот SUV на Seat. Во завршната фаза од online кампањата #SEATseekingName учествуваа 146,124фанови на SEAT од 134 земји.

Името Tarraco,како и останатите три предлози кои дојдоа до финалето, се во согласност со вредностите на Seat и совршено го опишуваат карактерот на новиот модел. Tarraco е старото име на каталонскиот град Тарагона, а како најстара римска населба на Пиринејскиот полуостров, овој град бил еден од поголемите метрополи во Шпанија за време на Римското царство. Овој медитерански град e познат по културата, младешкиот дух, историјата и архитектурата, а тоа се вредностите со кои се поистоветува SEAT и кои ги пренесува на сите свои возила.

Tarraco е првото име што SEAT го избира како име за свој нов автомобил преку гласање, а пак 14-то име на шпанско место што се користи за модел на оваа марка. Изминаа веќе 36 години од првиот модел на SEAT наречен според шпански град. Тоа беше моделот Ronda во 1982-рагодина. Од тогаш уште 12 модели своите имиња ги добија според места во Шпанија, а тоа се: Ibiza, Malaga, Marbella, Toledo, Inca, Alhambra, Cordoba, Arosa, Leon, Altea и двата најнови Ateca и Arona.

Во првата фаза на иницијативата #SEATseekingName од фановите на SEAT беа примени вкупно 133.332 предлози од 106 држави, а предложени беа 10.130 различни имиња на шпански места во склад со насоките кои што ги дефинираше брендот. Во следната фаза од строгата постапка, предлозите беа оценувани врз основа на лингвистички и правни критериуми, а експертите се осигураа името да биде во склад со вредностите на SEAT и карактеристиките на новиот модел.

Потоа, во пазарите каде SEAT најмногу продава автомобили беа формирани фокус групи кои ги избраа 4-те финалистите:Alboran, Aranda, Avila и Tarraco. Од тој момент беше отворено гласањето за сите фанови на SEAT за да го дадат гласот за својот фаворит.

Со новиот SEAT Taraco, компанијата го засилува своето присуство во SUV сегментот каде веќе ги има Ateca и Arona. Офанзивата на шпанскиот бренд започна во 2016-та со претставувањето на Ateca и продолжи во 2017-та со редизајнот на Leon, петтата генерација на Ibiza и новиот Arona кросовер. SEAT Tarraco ќе биде промовиран на крајот од оваа година.


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга