25 Април, 2024
0.0292

Фантомските невладини организации нема да ги добијат парите што им ги вети владата на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Невладините организации со сомнително портфолио кои беа избрани од претходната влада да добијат пари од буџетот, нема да се израдуваат на илјадниците евра кои требаа да легнат на нивните сметки. Владата на вчерашната седница донесе одлука да ја запре постапката за распределба на парите за здруженијата и фондациите поради постоење на сериозни индиции за злоупотреба.

Огласот за распределба на 850.000 евра од државната каса беше распишан на 30 март, а непосредно пред заминување, владата на ВМРО-ДПМНЕ ги одбра невладините кои требаа да се офајдат.

Но, владата на Зоран Заев го задолжи Генералниот секретаријат да ги преземе сите потребни чекори за запирање на постапката и Државниот завод за ревизија да ја преиспита претходната одлука за доделувањето на овие средства, а доколку постои основ за злоупотреби, да се отвори истрага за обид за ненаменско трошење буџетски пари.

Меѓу невладините кои требаше да добијат пари беше, на пример, здружението „Јaсна иднина“ од село Небрегово, Долнени, кое требаше да искешира 49.000 евра за проект наречен „Невладините организации од руралните средини и новите технологии за видливост и промовирање“. На списокот со 39.000 евра беше и здружението за волунтаризам „Волонтерски центар“.

И двете овие здруженија беа претходно во јавноста неколку пати посочени за сомнителни распределби на парите од европските фондови, а во одредени случаи за поврзаност со одредени структури на ВМРО­ДПМНЕ.

Меѓу среќниците се најде и познатото во јавноста „Здружение за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради“ од Лерин, Егејска Македонија. На нивна сметка требаше да се уплатат 10.000 евра.

Ова здружение наводно донираше 7 споменици во составот на проектот „Скопје 2014“, а од владата на Груевски доби службен простор во центарот на Скопје и автомобил.

Грантови во висина од 30.000 до 50.000 евра беа одобренина 14 невладини организации. А, помали суми, од 500 до 10.000 евра требаше да добијат 28 организации.

Во овие таинствени организации УЈП и Финансовата полиција никогаш не извршиле контрола, но затоа овие институции со месеци го проверуваше работењето на невладини организации кои не беа по теркот на претходната власт.

Таканаречената десоросоизација ја најави поранешниот премиер Никола Груевски, веднаш по изборите на 11 декември, но институциите кои се вклучени во финансиските истраги негираа дека работат по директива на досегашната власт.

Ј.М.


Можеби ќе ве интересира

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот