Faraday Future ја упати првата закана кон Tesla - Најавен супер брз електричен автомобил
Објавено во: Економија 06 Јануари, 2017
Faraday Future го претстави FF91 моделот на супер брз автомобил со мотор на електричен погон кој има футуристички дизајн и ќе биде главна закана кон електричните автомобили на Tesla Motors во наредните години.
Сепак, почетната презентација на Faraday Future FF91 не помина според очекувањата, автомобилот имаше проблеми самиот да се паркира, а има голем број на сомнежи дека наскоро ќе се најде во масовно производство.
FF91 досега добил над 60.000 нарачки што е добар сигнал, но тоа не е конечен успех доколку Faraday Future заедно со кинескиот гигант LeEco не успеат навреме да ја усовршат технологијата на самоуправување и ефикасна потрошувачка на енергија со овој ѕвер од автомобил кој има 1040 коњски сели.
Засега не се открива ниту цената на FF91 моделот и целата операција се одвива со голем број на прашалници.