23 Април, 2024
0.0264

Фармерите да поднесат барање за паушално оданочување во УЈП

Објавено во: Агробизнис 26 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Од Управата за јавни приходи (УЈП) ги информираат земјоделците дека имаат можност данокот на доход да го плаќаат паушално доколку приходот од земјоделска дејност во 2016 година не надминува 1.300.000 денари.

„Без разлика дали земјоделието претставува ваша основна дејност или истата ја вршите како дополнително занимање, регистрацијата за паушално оданочување ви овозможува персоналниот данок да го плаќате еднаш во годината и да немате дополнителни трошоци за водење на деловни книги“ - појаснуваат од УЈП. 

Тоа треба да се направи најдоцна до 31 јануари 2017 година на шалтерите на УЈП. 

Ако веќе сте регистрирани во УЈП и доделен ви е даночен број (ЕДБ) како вршител на земјоделска дејност, поднесете само Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (образец “ПДД-ПЗ“).


Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари