19 Април, 2024
0.0254

ФБЕ започна со имплементација на интернационален студентски проект!

Објавено во: Мои пари 28 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

  Факултетот за бизнис економија во наредните три недели ќе спроведе интернационален студентски проект, во кој како партнери ќе се појават Државниот Универзитет на Њу Јорк, Платсбург (SUNY) од САД и Универзитетот на Љубљана – Факултет за администрација (FAUL) од Словенија. Проектот е наречен COOL, (Collaborative Online Learning), а ќе учествуваат околу 100 студенти од трите држави, кои ќе соработуваат преку специјална платформа наречена BEP (Business Educational Platform), развиена под проектот ISPEHE (Иновативно стратешко партнерство за европско високо образование -Innovative strategic partnership for European higher education.ISPEHE се имплементира со поддршка на Европската комисија и Еразмус+ програмата, а воедно е најголем проект од овој вид во Република Македонија.

  Целта на COOL е студентите да добијат чувство како е да работат во интернационална средина, која се карактеризира со различни временски зони, организациски култури и голем број на други фактори. Крајниот резултат на COOL ќе биде промотивна маркетинг кампања што би била спроведена во САД, Словенија и Македонија паралелно за идентични производи и услуги.

  Проектот се спроведува трета година по ред на ФБЕ, со тоа што оваа година е во најголем организациски капацитет. Координатор на ФБЕ за COOL е м-р Мартин Киселички, координатор за SUNY, Plattsburgh е проф. д-р Richard Gottschall, додека пак координатор за FAUL, Ljubljana е проф. д-р Primoz Pevcin. Студентите кои учествуваат од трите високо-образовни институции се дел од третата и четвртата студиска година.


Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ