19 Април, 2024
0.1785

(ВИДЕО) „Фчерашни новости“ со Златна бубамара на популарноста

Објавено во: Стил 21 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

„Фчерашни новости“ е добитник на овогодинешната Златна бубамара на популарноста за ТВ забавно-сатирична емисија.

Признанието на целата екипа, на чело со Бранко Огњановски, му го додели “Специјалното јавно обвинителство“.

- Група на лица се здружиле да вршат дела, при што вршеле снимање, сечење, лепење и монтирање на хумористично-сатирични содржини, кои потоа јавно ги емитувале на ТВ-станица, со што предизвикале луѓе скришно да се смеат на политичари во сопствените домови – пресудија „Катица“, „Ленче“  и „Фатиме“.

На сцената на Метрополис арената излезе целата екипа, во чие име се заблагодари Огњановски.

Покрај оваа вредна награда, фчерашниот ден помина и во знакот на новиот хит на „Фчерашни новсит“, кој заслужено треба да се најде на врвот на секоја музичка топ-листа.

Слушнете ја „Хелоу“, ви гарантираме дека нема да ви излезе од глава. 


Епизода 13 навистина беше баксузна за некои од гледачите, бидејќи токму за време на емисијата имаше технички пречки. Ова е можност да ја погледнете целата епизода:


Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре