25 Април, 2024
0.0261

Фејсбук развива технологија за читање на мисли

Објавено во: Стил 15 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Фејсбук  развива нова технологија за читање на мисли, пренесе ТАСС, цитирана од агенциите.

Интернет изданието на „Бизнис инсајдер" обрна внимание на оглас за слободни работни места, објавени неодамна на социјалната мрежа. 

Според огласот, работата на „билдинг 8" е фокусирана на "создавање" нови технолошки производи за напредок во рамките на мисијата за поврзување на светот ". Од компанијата одбија да ги коментираат информациите за понудените работни места. Во 2015 година, сепак, креаторот на Фејсбук, Марк Цукерберг рече дека „еден ден ќе можеме да пренесуваме мисли еден на друг директно со помош на технологијата".

Во август минатата година компанијата Фејсбук ја отвори производствената лабораторија „Зона 404", опремена со машини и опрема за производство на прототипови за технички иновации. Менаџерот на компанијата Линдзи Амос изјави дека во обврските на лабораторијата влегува побрза изработка на прототипи на уреди за компанијата, вклучувајќи и за делот „билдинг 8".


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти