19 Април, 2024
0.0250

„Фејсбук“ воведе нова категорија за сите оние кои бараат работа

Објавено во: Стил 09 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

„Фејсбук“ има нова опција за професионални способности во профилите на корисниците. Промената се чини дека тивко била вклучена изминатата недела. Блогот „Социобитс.орг“ ја открил оваа новина, но од „Фејсбук“ не сакаат да дадат појаснување. Новата категорија се појавува како можност на профилот на корисникот под „Работа и образование“. Едноставен „клик“ на копчето за изменување на содржината открива нова категорија која автоматски нуди „линкови“ до страници за способностите на корисникот. Кога корисникот ќе притисне на една од способностите, тој веднаш е однесен до страница која покажува пријатели со интерес во способностите, како и поврзани страници, групи и нови луѓе кои би можеле да имаат потреба од способностите. Згора на тоа, означувањето на профилот со листа од професионални способности веднаш го прави профилот полесен за откривање кога работодавачите бараат луѓе со одредени способности.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре