25 Април, 2024
0.0272

Фејсбук воведува ново копче: Ова едвај го чекавте, а еве за што ќе го користите!

Објавено во: Стил 07 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Фејсбук моментално ја тестира опцијата „dislike“ (не ми се допаѓа), но не на објавите и коментарите, туку во Месинџер апликацијата за допишување.

Опцијата би му овозможила на корисникот во пораките да искористи низа реакции, меѓу кои наскоро би можел да биде и палец надолу, односно „не ми се допаѓа“ (dislike). 

Социјалната мрежа Фејсбук потврди дека моментално кај некои корисници се вршат тестирања на очекуваната опција и дека, ако бидат позитивни резултатите, на сите корисници ќе им биде достапна.

„Секогаш се трудиме да тестираме начини кои Месинџер би го направиле интересен. Ова е мал тест во кој им овозможивме на луѓето преку пораки да делат емотикани кои најдобро ги претставуваат нивните чуства“, истакнуваат од Фејсбук.

„Dislike“ реакцијата е долго барана на популарната социјална мрежа, но од Фејсбук досега одбиваа да ја воведат бидејќи сметаат дека ќе доведе до премногу негативност.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти