24 Април, 2024
0.0245

Фереро инвестиција за бизнис со лешници: Има ли ќар за македонските земјоделци?

Објавено во: Агробизнис 10 Август, 2016

Добивај вести на Viber

По најавата за влез на италијанската команија Ферера на македонскиот пазар, со земање под концесија земја за производство на лешници, потсетуваме дека италијанската фабрика одамна соработува со македонските производители. Компанијата сака да откупи до 20 хектари и во наредните 4 до 5 години ќе тестира кој вид на лешник најмногу успева на македонската почва, а потоа планира произвдоство. Тие и досега го откупувааа македонскит лешник и тоа по 3 евра за килограм индустриски лешник. Претставниците на компанијата, имаа средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, како и со државниот секретар Бесир Јашари. - Ќе сториме се за да и излеземе во пресрет на италијанската компанија со единствена цел - поголемо и квалитетно производство. Ќе утврдиме каде има слободни површини. За најповолни се сметаат регионите на Охрид, Струга и Ресен, истакна Јашари по средбата. За поттикнување на производството на лешници во земјава, додаде, интервенирано е со законски измени кои предвидуваат давање земјиште под концесија на 70, а не на 30 години како досега. Инаку и досега Фереро, производител на Нутела имаше соработка со Македонија, токму со откуп на лешници од индивидуални производители. ЕСЕН Е ВРЕМЕ ЗА СТАРТ: Профитабилен агробизнис со заработка од 6.000 до 7.000 евра! Дали и колку од ова може да се заработи, прочитајте на сториите што досега ги обработуваше Фактор на линкот ТУКА.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари